СЕ ОТРУВМЕ, МЕРНИТЕ СТАНИЦИ НЕ РАБОТАТ: Инверторите нема да го исчистат воздухот (АНКЕТА)

фото: Принтскрин

Владата донесе низа мерки за поефикасни резултати во спроведувањето и справувањето со загадувањето, а една од мерките е и доделувањето на субвенции за целосна замена на печките на дрва со енергетски ефикасни инвертер клима уреди во општините во Градот Скопје, Тетово, Битола и Кичево.

„Слободен печат“ ги праша скопјани дали мислат дека со ова ќе се влијае врз намалувањето на загадувањето, а нивните мислења се поделени.

Дел од нив велат дека делумно ќе се намали аерозагдувањето во главниот град, други се скептични, но имаше и такви кои велат дека воопштно нема да се промени тоа, а како причина ги споменуваат чистотата во градот, потоа големиот број на возила, домаќинствата кои за затоплување користат дрва, индустриските капацитети и слично.

Во текот на минатата грејна сезона две од мерните станици во Градот Скопје не беа во функција, а станува збор за станиците во Лисиче и Гази Баба, кои во моментов се уште не работат, според информациите кои може да се добијат на сајтот на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Селектирани се мерните станици во Гази Баба и Лисиче

„Слободен печат“ вчера го праша заменик министерот за екологија, Јани Макрадули, кога ќе проработат овие мерни станици, а тој ни одговори дека наскоро ќе биде пуштена мобилната станица Ѓорче Петров, додека за споменатите станици набавката е завршена и во моментов се калибрираат, како и дека се очекува наскоро да бидат пуштени.

фото: Слободен печат/Д. Митрески

До Општина Карпош се пристигнати над 400 пријави за непријатна миризба/оган на отворено

Преку телефонската линија што ја отвори Општина Карпош, 078 257–640, за пријавување на непријатна миризба/оган на отворено, до овој момент пристигнале повеќе од 400 пријави.

Од Општина Карпош информираат дека како резултат на отворената телефонска линија, инспекциските служби на Општината дале придонес во локализирање и гасење на пожар на територија на Општина Сарај во населено место Свиларе, на 5 септември, како и еден пожар локализиран на Скопска Црна Гора, на седми септември годинава.

По спроведените теренски контроли, како и по пријавите од страна на граѓаните, од Општината велат дека на територија на Карпош не се евидентирани огнови на отворено, туку најчесто непријатната миризба доаѓа од околните скопски села и од Општина Сарај.

– Борбата со аерозагадувањето може да се добие единствено со сериозна и посветена работа од сите чинители во општеството. Општина Карпош продолжува со сите ресурси да делува за справување со аерозагадувањето, како еден од најсериозните проблеми во нашата држава, се наведува во соопштението на Општина Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот