Се одржа првата фестивалска вечер на „Макфест“ на отворено: Учесниците и публиката ги почитуваат мерките! (ФОТО)

Фото: Михаило Донев

Вечерва во Штип се одржува 35. издание на најреномираниот музички фестивал во нашата земја, „Макфест“. 

Оваа година за првпат во неговата историја фестивалот е пред најголемиот предизвик, а тоа е да се одржи и покрај пандемијата со коронавирусот и за првпат на отворено.

Наместо како и секоја година тој да биде во домот на културата „Ацо Шопов“, истиот се одржува на градскиот плоштад „Слобода“, каде постојат услови за почитување на мерките поради вирусот.

Фото: Михаило Донев

Вечерва беше одржана првата и ревијална вечер на која настапија неколкумина досегашни победници и учесници на фестивалот, додека утревечер е финалната и натпреварувачка вечер.

Фото: Михаило Донев

На сцената утревечер ќе настапат доста нови, но и афирмирани изведувачи, меѓу кои: Пере и Нокаут, Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, Биба Додева, Димитар Андоновски, Ѓоко Танески и неколку други.

Екипата на „Слободен Печат“ и утревечер ќе присуствува на фестивалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот