Се одложува Австралија Опен?

epa08187792 Novak Djokovic of Serbia poses for photos with the Norman Brookes Challenge Cup after winning his men's singles final match against Dominic Thiem of Austria at the Australian Open Grand Slam tennis tournament in Melbourne, Australia, 02 February 2020. EPA-EFE/LYNN BO BO

Тенисот се уште се опоравува од пандемијата на коронавирусот, а проблемите со вирусот можат да создадат вистински хаос на почетокот од наредната сезона.

Јуниорскиот Австралија Опен веќе е откажан, а сениорскиот може да биде преместен за март или април.

Причината за ваквите шпекулации на медиумите се одлуките на австралиските власти за „локдаун“ како и ригорозните правила за сите кои доаѓаат од страна.

Сè уште голема непознаница е дали на тенисерите ќе им биде дозволено за време на двонеделниот карантин да го напуштат хотелот и да тренираат и да се подготват за стартот на грен слем турнирот чиј старт засега останува 18. јануари идната година. Дел од најдобрите тенисери се заканија дека доколку не им биде овозможено да тренираат додека се во карантин, сериозно ќе размислат дали да патуваат во Мелбурн, со што се става притисок врз здравствените власти во Австралија но и самиот организатор.

Шпанскиот „АС“ пишува дека турнирот најверојатно ќе мора да се одржи во март или април, но директорот на Австралија Опен, Крег Тили е убеден дека ќе се игра тенис на лето.

На, најмладиот континент летото трае од декември од февруари, што значи дека засега не се размислува за промена на терминот.

– Ги продолжуваме со локалните здравствени власти за мерките поврзани со карантинот. Се надевам дека наскоро ќе дојдеме до решение. Мораме да водиме сметка за потребите на тенисерите и тенисерките, навивачите, спонзорите но и за безбедноста. Мислам дека овој турнир е многу важен за економијата на сојузната држава Викторија, но и за цела Австралија. Сакаме што побрзо да дојдеме до конечен договор за играчите да знаат што да прават. Верувам дека ова лето во Австралија ќе има врвен тенис – вели Тили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот