Фото: Општина Центар

Се обновува училиштето „11 Октомври“, во тек е замена на подовите

Општина Центар започна со реконструкција на основното училиште „11 Октомври“ , каде моментално се изведуваат активности за замена или обновување на подовите во повеќе кабинети и училници.

Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека летниот период се користи за подобрување на условите во училиштата.

Оваа недела, неуморно работиме на реконструкција на школото „11 Октомври“, за учениците да имаат подобра настава. Секоја реконструкција е вложување во иднината, а здравата, чиста и функционална средина е предуслов за квалитетно образование и за личен развој на учениците. Остануваме посветени на тоа сите деца во Центар да учат во модерни и безбедни услови, без исклучок, вели Герасимовски.

Според него, оваа реконструкција доаѓа по низата веќе реализирани инвестиции во истото училиште. Досега е  реконструирана училишната трпезарија со површина од 165 квадратни метри, варосана е фискултурната сала и целосно се обновени тоалетите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот