Се комплетира Јувентус, се враќа и Игуаин

twitter/juventusfc

Аргентинскиот интернационалец имаше лична дозвола да отпатува во својата родна земја, бидејќи неговата мајка има рак.

Гонзало Игуаин вечерва се очекува да ја напушти Аргентина, што значи дека целокупниот состав на Јувентус би можел да тренира заедно до почетокот на јуни.

Фудбалерите кои се вратија во Торино од странство мора да имаат 15-дневен карантински период (помеѓу нив и Кристијано Роналдо), проследено со земање на брис (двапати) и еднаш тест на крвта за да се осигурат дека не се заразени од КОВИД-19.

Игуаин доби лична дозвола да отпатува во својата родна земја, бидејќи неговата мајка има рак.

Важечкиот договор на Аргентинецот со „Старата дама“ истекува на 30 јуни 2021 година.

До прекинот на сезоната, во Серија А имаше учинок од пет голови во 23 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот