Се јави Корина Шумахер: Ги почитувам желбите на Михаел

Шумахер во 1999 година имаше стравичен инцидент во кој заработи скршеница на ногата/ фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер пред шест години доживеа тешка несреќа додека скијаше на францвуските Алпи. Оттогаш тој се наоѓа во тешка здравствена состојба,  но моменталната состојба и терапијата сè уште се вистинска мистерија за јавноста но и за голем дел од блиските пријатели на Германецот.

Неодамна, неговиот менаџер Вили Вебер ја обвини сопругата на Михаел, Корина Шумахер дека не му дозволува да го види возачот за да не се открие тајната за неговата реална здравствена состојба.

– Знам дека Михаел е во тешка состојба,но за жал не знам дали има некаков напредок. За жал, Корина не ми дозволи да го видам Михаел. Најверојатно се плаши дека ќе видам што се случува и ќе ја објавам вистината. Јас верувам дека Михаел ќе се опорави бидејќи е неверојатен борец. Се молам за него и се надевам дека повторно ќе го видам – изјави неодамна Вили Вебер.

Сега одговорот дојде од сопругата Корина Шумахер.
– Михаел е во најдобрите можни раце и даваме се од себе за да му помогнеме. Сфатете не, ги следиме неговите желби, здравствената состојба да остане тајна. Се што е во наша можност правиме за да му помогнеме. Оваа чувствителна тема како здравјето на Михаел, ја држиме во тајност бидејќи тој така сака – одговори Корина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот