Се гради нов потпорен ѕид на булеварот Борис Трајковски

Фото: ЈП „Улици и патишта“

Ѕидот кој се урна беше долг над 30-тина метри, а како што тогаш посочија надлежните служби, причина за негово оштетување биле неповолните временски услови односно наносот од поројниот дожд кој го зафати Скопје.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје деновиве ги започнаа активностите за изведба на нов потпорен ѕид на булеварот Борис Трајковски кај семафорите во населбата Пинтија.

Како што информираат од ова јавно претпријатие, на терен целосно се отстранува стариот и оштетен бетонски потпорен ѕид кој беше паднат заради временските неприлики.

– По изработката на проектното решение ЈП „Улици и патишта“ во координација со службите од Градот Скопје започна со подготвителни работи за изведба на потпорниот ѕид, првенствено со обележување и заградување на просторот на градилиштето, а по овие фази следува ископ на земја на потпорната конструкција. Потпорниот ѕид на булеварот Борис Трајковски има променлива висина, а вкупната должина е 152.45 метри. Откако ќе бидат изведени армирачко бетонските работи на потпорниот ѕид ќе се постави дренажниот систем кој се состои од дренажна цевка, филтерски материјал и барбакани – информираат од претпријатието.

Оттаму меѓу другото објаснуваат и дека, тие заедно со службите од Градот Скопје изведбата на потпорниот ѕид ќе ја вршат по сите стандарди за долгорочно решавање на проблемите со наносот на вода врз овој потег, а откако ќе бидат завршени сите потребни активности ќе биде вратена во првобитна состојба и пешачката патека по должината на булеварот.

Инаку, колку за потсетување, пред неколку месеци, откако Скопје беше зафатено од силно невреме, падна потпорен ѕид на булеварот Борис Трајковски во скопската населба Пинтија. Дел од потпорниот ѕид се урна и земјата се излизга до самиот булевар.

Ѕидот кој се урна беше долг над 30-тина метри, а како што тогаш посочија надлежните служби, причина за негово оштетување биле неповолните временски услови односно наносот на поројниот дожд кој го зафати Скопје. Тогаш на терен екипите работеа на отстранување на градежниот шут кој настана како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид.

Од Општина Кисела Вода тогаш најавија дека се со цел да се спречи ваква појава, тие како локална самоуправа најавија дека ќе извршат детални проверки на сите градби направени во минатото, како и на квалитетот на изградба на потпорните ѕидови, особено онаму каде што теренот е стрмен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот