Фото: Општина Аеродром

Се дава под закуп покриениот шанк во паркот „Авионче“, кираџијата ќе треба да постави и детско игралиште

Општина Аеродром објави оглас за давање под закуп на покриениот шанк лоциран во паркот „Авионче“ во Ново Лисиче, на кој можат да се пријават заинтересираните угостители, а кој од нив ќе стопанисува со шанкот ќе се избере по пат на електронско јавно наддавање, што ќе се спроведе преку електронскиот систем www.e-stvari.mk.

Рокот за поднесување пријави е до 13 февруари , а јавно наддавање ќе се одржи три дена подоцна, односно на 16 февруари.

Шанкот што се нуди под закуп на пет години е со површина од 118,76 квадратни метри, а објектот располага со кафе-бар, кујна, тоалети, тераса и помошни простории.

Како дел од посебните услови, најповолниот понудувач ќе има обврска во рок од 90 дена да постави детско игралиште со реквизити во паркот, да обезбеди редовно одржување на просторот, јавен пристап до тоалетите, систем за управување со отпад и 24-часовна чуварска служба.  Општина Аеродром со оваа постапка продолжува со транспарентно управување со јавниот простор, унапредување на парковската инфраструктура и создавање подобри услови за граѓаните, како и поддршка на локалниот бизнис сектор, информират од Аеродром.

Целосната документација и условите за учество се достапни  на официјалната веб-страница на Општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот