СДСМ: Случајот „Криминални плацови” води директно до Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ
СДСМ / Фото: МИА

„Криминалниот случај со препродажба на парцели во Делчевско за кои јавноста беше информирана пред локалните избори добива епилог. Поднесени се кривични пријави против седум лица, дел од нив функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски“, се вели во соопштението кое до медиумите попладнево го испрати владејачкиот Социјалдемократски сојуз.

„Сите тие се сомничат дека со однапред договорена зделка противправно се стекнале со 1,5 милиони евра. Аферата криминални плацеви води директно до Мицкоски и Белиот дворец. Надлежните институции мора до крај да го расчистат овој криминал а одговорните да бидат соодветно санкционирани. Денес пред законите сите се еднакви, секој кој сторил какво било криминално дело мора да одговара за своите постапки“, се додава во соопштението од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот