Саудискиот нафтен гигант Арамко проценет на 1.700 милијарди долари

Саудиска Арабија ја процени државната нафтена компанија „Арамко” на околу 1.600 до 1.700 милијарди долари.

Компанијата објави ажуриран проспект на својата иницијална јавна понуда (ИПО), во која се бара повеќе од 25 милијарди американски долари за продажба на 1,5 проценти од акциите на компанијата.

Со тоа потенцијално би можело да биде најголемата јавна понуда во светот, од најпрофитабилната компанија во светот, јави Би Би Си.

Проценката на вредноста е  помала од 2.000 милијарди американски долари, колку што сакаше да постигне престолонаселедникот Мохамед бин Салман.

Во денешното соопштение се вели дека големината на основната понуда ќе биде 1,5 проценти од акциите на компанијата,а цената ќе биде одредена на 30 до 32 саудиски ријали (8,0 до 8,5 долари). Со тоа, доколку се добие горениот опсег на цени, иницијалната јавна понуда може да биде 25,60 милијарди американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот