Сашо Мијалков и неговиот брат добија признание од МПЦ-ОА

Фото: Брегалничка Епархија/Фејсбук

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и неговиот брат, Владимир Мијалков, од  Македонската православна црква – Охридска архиепископија беа одликувани со орденот „Свети Николај“. Наградата им ја додели Брегалничкиот митрополит Иларион за нивниот ктиторски придонес во изградбата на црквата „Свети великомаченик Димитриј“ во штипско Ново Село.

Црквата „Св. вмч. Димитриј“ и Света Архиерејска Литургија во Ново Село која беше осветена во неделата, е проект што браќата Мијалкови финансиски го поддржале во нивниот роден крај.

Фото: Фејсбук/МПЦ

Мијалков во мај излезе предвреме од затворот во Струга, каде што ја отслужуваше казната за случајот „Империја“. Тој беше обвинет и во неколку други случаи на поранешното СЈО, но дел му застареа, а беше и ослободен во случаите „Тортура“ и „Трезор”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот