Сара Стефаноска од ЖРК Вардар го засилува српскиот шампион Војводина

фото: ЖРК Вардар

Женскиот ракометен клуб Вардар ја информира јавноста дека Сара Стефаноска ќе ја продолжи кариерата во шампионот на Србија, екипата на Јагодина.

По примањето на информацијата дека шампионот кај нашиот северен сосед сака да ја ангажира Стефаноска, ЖРЛ Вардар излезе во пресрет со цел да игра во посилна лига.

Стефаноска е подготвена за нејзинот прво интернационално искуство, а скопските „црвено-црни“ ѝ упатуваат благодарност за годините поминати во клубот.

– Ние како и со неа така и со останатите девојки продолжуваме кон целта која е создавање на квалитетни играчи – информираат од ЖРК Вардар.

Стефаноска е „продукт“ на вардаровиот проект Јуниор вардарова лига од каде потоа беше селектирани во пионерската екипа на Вардар и со успех настапуваше во пионерските, кадетските, младинските и сениорките мечеви. Покрај тоа играше за сите македонски селекции, а доби повик и за А-репрезентацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот