Фото: EPA/ANTONIO BAT

Сара Хектор најбрза на велеслаломот во Чешка

Шведската скијачка Сара Хектор победи во велеслаломот во Шпиндлерув Млин, Чешка, со време од 2:23,86 минути.

Американките Паула Молкан, со заостанување од 0,18 секунди, и Микаела Шифрин, со заостанување од 0,23 секунди, ги освоија второто и третото место.

Шифрин остана лидер во генералниот пласман на Светскиот куп со 1,033 поени, 150 повеќе од второпласираната Камила Раст од Швајцарија.

Во пласманот за велеслаломот, Австријката Јулија Шајб е прва со 560 поени, пред второпласираната Раст со 471 поен и третопласираната Хектор со 429 поени.

Натпреварувањата од Светскиот куп продолжуваат во недела, кога е закажан слаломот во Шпиндлерув Млин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот