Санкционирани 67 возачи на автопатот Скопје – Велес

Полиција/ фото: МИА

Санкционирани се вкупно 67 возачи на автопатот Скопје – Велес, во рамки на засилената акциска контрола што попладнево ја спроведе Мобилната единица за безбедност во сообраќајот. Од нив, 28 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а двајца за дури над 70 километри на час над дозволената.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот