Сандак полн со пчели фрлен во контејнер со ѓубре

Пчели во контејнер Фото: Фејсбук
Цел сандак полн со пчели завршил во контејнер со ѓубре во Скопје. По социјалните мрежи од утрово се шири видео на кое се гледа голем контејнер во кој има стотици пчели кои излегуваат од сандакот.  Граѓаните во паника се плашат од убодите, а пчелите избезумено излегуваат меѓу кесите со смет. Коментарите под фотографијата и видеото се многубројни, за едни ова е сквернавење на природата бидејќи ако нема пчели ќе нема живот.
„Ова го немам видено за овие 52 години живот, ова е пчеларник фрлен до контејнери. Не знам и не се разбирам што се прави, ако не сакаш веќе да одгледуваш пчели, можеби се дава, се продава пчеларникот, но знам дека никако во ѓубре не се фрла. Алергии од каснатини, многу се на едно место, може и да се налутат, убоди…..а самите пчели?- коментираат граѓаните.
Изгледа тој што ги фрлил не видел нигде што значат пчелите за опстанокот наш и на друг жив свет- стои во еден од коментарите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот