Санчо парично казнет поради шишање без маска (ФОТО)

EPA-EFE/DANIEL KOPATSCH

Од редовите на Борусија Дортмунд се многу јасни и истакнаа дека не е добро што никој не носеше маска.

Германската фудбалска лига го казни парично фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, а истото дело го направи и неговиот тимски колега Мануел Аканџи.

Фудбалерите на бундеслигашкиот клуб ги прекршија строгите мерки за заштита против коронавирусот и сега ќе мора да ја платат казната од 10.000 илјади евра.

На социјалните мрежи се појави слика на која се гледа новата фризура на еден од најперспективните играчи во светот, Санчо.

Ниту фризерот, ниту фудбалерите не ги носеа заштитните маски, по то следуваше кратко соопштение од Дортмунд:

Сосема е нормално нашите играчи да имаат нови фризури после неколку месеци. Исто така не е добро што никој не носеше маска. Ќе бидеме многу јасни и ќе ги потсетиме нашите играчи за тоа. Исто така, фризерот треба да се праша за неговото однесување – пишува во соопштението на германскиот клуб.

фото: твитер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот