Само еден новинар не гласал за Меси или Халанд во изборот за „Златната топка“

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Лионел Меси во понеделникот ја освои својата осма „Златна топка“, а вчера беа објавени и резултатите од гласањето.

Меси на првото место завршил со 462 бодови, 105 повеќе од вторпласираниот Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе беше на третото место со 270 бодови.

Интересно е што во гласањето на новинарите од најдобрите 92 рангирани држави во светот според ФИФА, само еден новинар не гласал за Меси или Халанд. Гласањето се одвива така што секој новинар доделува поени на пет фудбалери, на првиот шест, вториот четири, третиот, три, четвртиот два и петиот еден.

Камерунскиот претставник, Емануел Густаво Самник не додели поени ниту на Меси, ниту на Халанд и за него најдобри се: Мбапе на првото место, Де Брујн на второто, Родри го рангираше како трет, Онана четврти и Бернардо Силва петти.

Меси како најдобар бил избран од 65 новинари кои гласале, додека Халанд кај 21 бил на првото место, Мбапе најдобар бил за петмина, додека Бернардо Силва бил избран за најдобар од својот сонародник од Португалија.

Меси: Мислам дека никогаш нема да се вратам да играм во Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот