Само еден гол од слободен удар беше постигнат во ЛШ! (ВИДЕО)

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Натпреварувачката сезона 2019/20 во Лигата на шампионите заврши во неделата со триумф на Баерн Минхен во големото финале против ПСЖ (1:0) на стадионот „Да Луж“ во Лисабон, Португалија.

Од групната фаза до последниот меч беа одиграни вкупно 119 натпревари со реализирани 386 голови.

Се одвојува еден интересен факт дека само еден гол беше реализиран од слободен удар сезонава во ЛШ. Овој погодок е дело на Пауло Дибала од редовите на Јувентус, на 26 ноември минатата година реализираше директно од слободен удар против Атлетико Мадрид.

Од еден многу тежок агол Аргентинецот успеа да ја испрати топката во мрежата на словенечкиот голман Јан Облак.

Колку за споредба, во сезоната 2018/19 во Лигата на шампионите беа постигнати дури 11 голови од слободен удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот