Салатата со овие три главни состојки е вистински оброк за секого (РЕЦЕПТ)

Ни пристигна летото и вистинските тропски горештини, па доколку сте љубители на полесната храна без јаглени хидрати, или сте на кето-диета, тогаш ова е вистинскиот оброк за вас. Но и доколку не сте, направете си ја, одлична е за секого!

Кетогената или кето диета е посебен начин на исхрана кој подразбира драстично ниско ниво на внес на јаглени хидрати и зголемен внес на масти и соодветен внес на протеини.

Салатата со пилешко, јајца и кашкавал е преполна со протеини и содржи минимален удел на јаглени хидрати, па затоа е идеален оброк за сите оние кои сакат да се хранат во склад со кетогената диета.

Потребни состојќи за салатата:

– 1 помала пилешка шницла
– половина авокадо
– 1 јајце
– 1 домат
– 1 зелена салата
– кришка козји кашкавал
– малку млад кромид (по желба)
– масло, оцет, сол и бибер

Подготовка на салатата:

Сварете го јајцето. Пилешката шницла испечете ја на тавче или обарете ја. Измијте ја салатата, доматот и авокадото, па исецкајте ги на мали парчиња. Печеното пилешко исецкајте го на коцкички. Јајцето излупете го и исечете го на тркалца. Исецкајте малку кромид, а доколку не го сакате, тогаш избегнете го. Сите состојки ставете ги во голем сад, зачинете со масло, оцет, сол и бибер и добро измешајте, на крајот изрендајте козји кашкавал.

Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот