Салами: Наредив да се уништат сите американски бродови

Командантот на иранската револуционерна гарда испрати вербална опомена заканувајќи се дека доколку биде загрозена безбедноста на Исламската Република во Персискиот залив ќе бидат уништени сите американски воени бродови кои во моментов пловат во овие води.

Заканата на генералот Хосеин Салами доаѓа по само еден ден откако претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека и дозволил на американската морнарица да ги уништи сите ирански бродови доколку дојде до судир.

– Им наредив на нашите поморски сили да ги уништат сите американски терористички сили во Персискиот залив кои ја загрозуваат безбедноста на иранските воено и цивилни бродови, изјави Салами на иранската државна телевизија, пренесува „Ројтерс“.

Иран вчера соопшти дека успешно лансирал воен сателит во орбитата што ја прави оваа земја „светска сила во најава“.

Исламската Револуционерна гарда го поздрави лансирањето и посочи дека тоа претставува пресвртница за земјата наспроти американските обвинувања дека вселенскиот програм има за цел прикривање на развивањето на балистички ракети.

– Денес земјата ја гледаме од небо, а тоа значи почеток на формирање нова светска сила, истакнал Салами.

Иран претходно ги отфрли сите обвинувања дека има за цел да обезбеди нуклеарно оружје и тврди дека неговата вселенска програма е во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот