Сакате да престанете да се расонувате со кафе: 5 одлични алтернативи за наутро!

Нема ништо лошо во пиењето кафе наутро. Но, некои сакаат да се решат од оваа зависност од кофеин, а другите се борат со здравствени проблеми на кои им штети внесувањето на кафе.

Без обзир на причината за прекинување, нутриционистите тврдат дека постојат одлични алтернативи кои можат да го заменат тој топол напиток.

1. Зелен чај
Студиите покажуваат дека овој чај е добар за оние кои се борат со алергии, дека е одличен за видот, го намалува нивото на холестерол и го намалува ризикот за паѓање на забите.

„Тој содржи помалку кофеин и повеќе антиоксиданси во споредба со кафето. Не можете да станете зависни од зелен чај како од кафето, плус немате главоболки или проблеми со спиење“ , тврди нутриционистката Бижит Зејтлин.

2. Кефир
Доколку често се чувствувате надуено или ве мачат цревата, ова би можело да биде одличен напиток за вас. Кефир е ферментиран млечен напиток, одгледуван од житни култури. Го подобрува варењето бидејќи е богат со пробиотици.

„Луѓето кои пијат јогурт како пробиотик, ги советувам да преминат на кефир“, рекла нутриционистката Дон Џексон-Блатнер. Таа додава дека кефирот има поголема количина на добри бактерии од јогуртот.

3. Вода со лимон
Лимоните искористете ги за правење совршена замена за утринското кафе.

„Доколку тоа е првата работа која ќе ја испиете наутро, тоа е одлично бидејќи со тоа ја надокнадувате водата која телото ја губи за време на ноќта. Додајте пола лимон во 3 dcl млака до топла вода. Со тоа добивате доволно доза на витамин Ц и полифенол како би го подобриле својот имунолошки состав и здрава кожа“, рекла нутриционистката Џесенки Бејтс.

4. Смути
Иако овошјето е здраво, немојте да претерувате бидејќи може да дојде до покачување на шеќерот во крвта. Ограничете се на по едно овошје во смути и попрво користете повеќе зелен зеленчук. Како што се спанаќ, кељ, зелка…

Додадете му протеин како јогурт, млеко со мала масленост или протеини во прав. Здравите масти како авокадо исто така се добри за чувствување на ситост.

5. Какао
Оваа сирова намирница во тој чист облик е полна со здрави состојки.

Какаото е богато со минерали, а посебно изобилува со желези, цинк, бакар и манган. Одличен извор на магнезиум, кој е неопходен за фунцијата на многу биолошки процеси во телото.

Сировото какао содржи многу малку кофеин, но има полно теобромини, слични состојки кои делуваат како нежен стимуланс. Теобромин може да пружи случно чувство на еуфорија и задоволство, но со него нема да доживеете нагло пад на енергија како со кафето. После пиење на какао нема да се чувствувате нервозно.

Но, битно е како го внесувате. Немојте да купувате преработено какао, туку купете вреќичка чисто какао, загрејте млеко и додајте шеќер по желба. Така ќе добиете најмногу од оваа состојка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот