Фото Слбооден печат / Методи Здравев
Фото Слбооден печат / Методи Здравев

„Сакам да пријавам дека сопругот чува дрога во мојот стан“ – повик од Ивана на бројот 112

Сега починатата Ивана Јовановска телефонски го пријавила сопругот Стојанче Јовановски на 15 октомври 2025 година, дека чува дрога во нејзиниот стан на булевар „Теодосиј Гологанов“ се слуша на аудиоснимка од центарот за итни случаи 112, која денеска беше презентирана во судница.

Ивана се јавила на 112 и го пријавила Стојанче Јовановски дека чува дрога, дека е заклучен во тој момент во станот и не ја пушта да влезе.

Од операторот таа бара да ја поврзат со полиција и му се обраќа: „Сакам да пријавам дека во мојот стан сопругот чува дрога“. Операторот, како што може да се слушне од снимката, бара податок за име на сопругот, а Ивана без да го каже – бара да ја поврзат со полиција. Потоа Ивана се обраќа до Стојанче – „Ќе отвориш или да те пријавам?“. Потоа вели „А, сигурен си?“. Потоа повикот завршува.

Овој повик е поврзан со претходен повик од истиот ден кога Ивана во 8 часот и 38 минути од својот телефонски број се јавила на 112. Во тој повик, како што се слуша од снимката, Ивана го прашува операторот каде да се обрати кога некој ѝ го има заклучено станот и не ја пушта да влезе во него.

Операторот на 112 ѝ кажува да се јави на куќен совет, а ако не успее, тогаш операторот ќе ја поврзе со Пожарна. Ивана во повикот објаснува дека куќниот совет нема клучеви од нејзиниот стан. Бара да ја поврзат со полиција, операторот пак ѝ вели да се консултира со куќниот совет па ќе ја поврзат со Пожарна за да ја скршат вратата. Ивана вели дека не ѝ е проблем да биде скршена вратата.

Како Ивана барала помош на бројот 112 кога Стојанче ѝ го заклучил станот, се слуша од аудио-снимки во судница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот