Сајовски: Во аферата „Мафија“ се вмешани највисоките структури од државата

Аферата „Мафија” покажува силна вмешаност на највисоките структури од државата во давање на логистика, поддршка и заштита на најсилните мафии, и нарко картели во Европа и пошироко, изјави Ѓорѓија Сајоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. 

И не е само заштита и логистиката од власта на мафијата, туку скандалозно е и самото постапување на МВР на Спасовски по објавувањето на оваа афера.

Тој обвинува дека службениците кои се уапсени биле во друштво со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

– Тие службеници кои се уапсени ги гледаме во друштво на Оливер Спасовски. Според билтенот на МВР уапсена за овој случај е жена вработена во службата за изработка на пасоши со иницијали Н.З. Токму ова лице во семејна атмосфера го гледаме со прво повиканиот во аферата „Мафија” Оливер Спасовски што јасно се гледа од оваа фотографија. Значи само кога ќе гребнете по површината сомневањата недвосмислено одат до врвот на власта каде се Зоран Заев и Оливер Спасовски – додава Сајовски. 

– Втора работа која сакам да ја изнесам јавно на прес конференција, е уште еден од низата кој има македонски пасош од оние на Спасовски и Заев, а тоа е Луи Волина, фатен 2019-та и осуден 2020-та година на 6 години затвор во Шпанија за трговија на дрога, а кој при апсењето поседувал македонски пасош на друг човек со иницијали Н.М.А – заврши Сајовски, кој побара и одговорност за случајот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот