САД: Санкции против иранскиот министер за внатрешни работи

Абдолреза Рахмани Фазли им издал наредба на полицајците да нападнат демонстранти на протестите во ноември.

САД денеска му воведоа санкции на иранскиот министер за внатрешни работи Абдолреза Рахмани Фазли, обвинувајќи го дека имал улога во „сериозна злоупотреба на човекови права, вклучувајќи и издавање на наредби кои довеле до насилство врз мирни демонстранти“.

Ова денеска го соопшти американското Министерство за финансии и додаде дека Фазли издал наредба на припадници на органите за ред (ЛЕФ) да употребат смртоносна сила како одговор на протестите во ноември, што довело до страдање на демонстранти, меѓу кои и 23 малолетници.

Министерството на црниот список стави и седум високи функционери на ЛЕФ и провинцискиот командант на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот