САД сакаат да го намалат кинеското влијание врз Југоисточна Азија
Американскиот претседател Џо Бајден средбата со лидерите од Југоисточна Азија ќе ја отвори со ветување дека ќе потроши 150 милиони долари поддршка на нивната инфраструктура, безбедност, подготвеност за справување со пандемијата и други активности насочени за спротивставување на влијанието на ривалската Кина.
Препорачано
Дводневниот самит со Заедницата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) започнува со вечера за лидерите во Белата куќа, пред разговорите во Стејт департментот.
Администрацијата на Бајден се надева дека успее да им докаже на државите од АСЕАН дека Вашингтон останува фокусиран на Индо-тихоокеанскиот регион и долгорочниот предизвик што го претставува Кина.
Пекинг во ноември вети 1,5 милијарди американски долари развојна помош за земјите од АСЕАН, за борба борба против коронавирусот и зајакнување на економското закрепнување по пандемијата.
„Мораме да ја зајакнеме играта во Југоисточна Азија. Ние не бараме од земјите да избираат помеѓу САД и Кина. Но, сакаме јасно да ставиме до знаење дека САД се залагаат за поцврсти односи”, изјави за новинарите висок претставник на американската администрација.


