САД: Нема учество на Косово на воената вежба „Дефендер“ – ова е првата последица за властите, но не и последна

Косовска војска / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер денеска на средба со повеќе новинари во Приштина изјави дека откажувањето на учеството на Косово на воените вежби „Дефендер Европа 2023“ е првата последица за Владата на Косово бидејќи ги отфрлила повиците на Вашингтон да не ескалира ситуацијата на северот на Косово.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на 26 мај предупредил дека постапките на Владата на Косово во северните општини ќе имаат последици врз билатералните односи.

„Првиот показател за тоа беше одлуката што ја донесе синоќа американскиот командант за Европа да го откаже учеството на Косово на „Дефендер Европа 2023“, рече Ховениер.

„Тие вежби се завршени за Косово“, додаде тој.

САД ја критикуваа Владата на Косово, нагласувајќи дека на 26 мај новите албански градоначалници во северните општини „насилно влегле“ во општинските згради на север.

Ховениер рече дека САД исто така размислуваат за други одлуки што треба да донесат поради тоа.

„Побаравме косовскиот премиер Албин Курти веднаш да преземе чекори за деескалација на ситуацијата на север. Тој не одговори на тие барања. Затоа размислуваме кои ќе бидат нашите следни акции“

САД: Најостро ги осудуваме насилните акции на демонстрантите во Звечан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот