САД: Не коментираме, но внимателно ја набљудуваме истрагата поврзана со корупција во Европскиот парламент
САД внимателно го следат случајот со истрагата за корупција во Европскиот парламент, соопшти Стејт департментот.
Препорачано
На прашање од новинар кој е коментарот на САД за скандалот во кој европски парламентарци примале илјадници евра мито од Катар, портпаролот Нед Прајс изјави дека САД внимателно го набљудуваат случајот.
-Внимателно го следиме развојот со истрагата за корупција кај сегашни и поранешни официјални лица на ЕУ. Ќе продолжиме да набљудуваме како ова се одвива, но за коментар треба да се обратите во Белгија и во ЕУ“, изјави тој.
Вчера претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во обраќање пред пратениците во Стразбур ги осуди наведените сомневања за случаи на корумпираност во европскиот законодавен дом.
„Тие злонамерни актери, поврзани со автократски трети земји, наводно вооружувале невладини организации, синдикати, поединци, асистенти и членови на Европскиот парламент во обид да ги покорат нашите процеси”, рече таа притоа нагласувајќи дека таквите злонамерни планови не биле успешни.
По сомнежите за корупција: Европратениците ставаат рампа за визната либерализација за Катарците


