САД и Велика Британија: Русија загрозува милиони животи со прекинување на договорот за извоз на жито

Гром удри во близина на Белата куќа/ Фото Bryan Olin Dozier/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Соединетите Американски Држави и Британија ја осудија денес одлуката на Русија да го прекине своето учество во иницијативата за извоз на житарки од украинските пристаништа на Црно Море, која, како што тврдат, ќе ја влоши безбедноста на храната и ќе загрози милиони луѓе, и го повикаа Кремљ да ја поништи.

„Ја повикуваме владата на Русија веднаш да ја поништи одлуката за излегување од договорот за извоз на житарки преку Црно Море“, соопшти советникот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Адам Хоџ.
Не само САд и Лондон побара Русија да го обнови договорот и да се обврза не негова целосна примена.
Со едностраниот потег кој доведе до пропаѓање на договорот Русија ја користи храната како оружје и спречува житарките да стигнат до оние на кои им се најпотребни“, кажа портпаролот на британското министерство за надворешни работи.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека мора да се направи сè за црноморскиот коридор за извоз на житото и понатаму да се користи.
„Дури и без Руската Федерација, мора да се направи сè за да го користиме црноморскиот коридор. Не се плашиме“, рече неговиот портпарол Сергеј Никифоров.
Реакциите од САД и Британија доаѓаат откако Русија во прекина договорот за време на војната, кој дозволува житото да тече од Украина во земјите во Африка, Блискиот Исток и Азија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот