САД и ЕУ поддржаа формално отворање на пристапните преговори на Македонија и Албанија со ЕУ

- Венди Шерман беше во администрациите на Клинтон и на Обама /Фото: EPA-EFE/ANTHONY ANEX

Заменичката на државниот секретар на САД Венди Шерман и генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи Стефано Санино, го поддржале отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија за време на нивната средба во Брисел, соопшти Стејт департментот, пренесува Гласот на Америка.

„Заменик-секретарот Шерман и генералниот секретар Санино, исто така, имаа можност да разговараат за други клучни прашања за надворешната политика од заеднички интерес, вклучително и тековната силна координација и соработка во Западен Балкан за унапредување на неговата европска интеграција и стабилност. Тие ја изразија својата поддршка за формално отворање на пристапните преговори со ЕУ на Северна Македонија и Албанија“, се вели во соопштението од Стејт департментот.

Тие го истакнале и цврстото партнерство меѓу САД и ЕУ и го поздравиле трансатлантското единство и координација во одговор на неиспровоцираната воена агресија на Русија против Украина, вклучително и за санкциите и контролата на извозот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот