Сабаленка со пресврт до титула на Австралија Опен

Фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

Одличната Белорусинка Aрина Сабаленка е новата освојувачка на Австралија Опен.

Во финалето Сабаленка со пресврт и 2:1 (4:6, 6:4 и 6:4) во сетови беше подобра од Рибакина од Казахстан и стигна до својот најголем успех во кариерата. Почетокот на мечот донесе подобра игра на Казахстанката која брзо стигна до брејк, Сабаленка возврати за 4:4, но следуваше нов брек на Рибакина за освојување на сетот.

Со вториот сет Сабаленка заигра многу подобро, правеше се помалку грешки, па така со 6:3 изедначи и го одведе мечот во одлучувачкиот трет сет. Во третиот сет на Рибакина и дозволи еден гем повеќе за да стигне до првата гренд-слем титула во кариерата.

Машкото финале во кое ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас на програмата е утре од 9:30 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот