Сабаленка е првата финалистка на Австралија Опен

Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Белоруската тенисерка, Арина Сабаленка се пласираше во финалето на Австралија Опен.

Сабаленка која во Мелбурн ја брани титулата во полуфиналето беше подобра од Коко Гоф со 2:0 во сетови (7:6, 6:4). Мечот на „Лајвер арената“ траеше еден час и 44 минути.

Втората тенисерка на некој начин со овој триумф и се реваншираше на Гоф за поразот во финалето на УС Опен минатиот септември.

Првиот сет донесе големи возбудувања и одлични поени. Беа видени дури шест брејкови пред да се влезе во тај-брејк каде што Сабаленка го покажа својот квалитет и со доминанта игра го освои со 7:2.

Двете тенисерки во вториот сет го чуваа својот сервис во првите осум гемови, а потоа Белорусинката стигна до брејк и поведе со 5:4, за потоа да го потврди пласманот во уште едно финале.

Во второто полуфинале денеска се сретнуваат Украинката Јастремска и Женг од Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот