Сѐ уште нема одговорност за лекарката што влезе на ГАК и во Ремедика без да каже дека свекорот има Ковид 19!

Од медицинското досие на родилката на ГАК, некој го украде епидемиолошкиот прашалник каде таа навела дека немала контакт со позитивен

И по 56 дена полицијата нема откриено кој ја украде изјавата на лекарката што влезе да се породи на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје, без да каже дека нејзиниот свекор е позитивен на Ковид 19. Случајот предизвика бура реакции затоа што благодарение на ваквиот потег на младата родилка, во изолација во јуни отиде дел од персоналот не само на државна гинекологија, туку и персоналот од „Ремедика“ каде што родилката се упатила од ГАК.

ХАВАРИЈА Лекарка дошла да се породи на ГАК без да пријави дека свекорот има коронавирус!

Ноќта меѓу 6 и 7 јуни лекарката влегла како пациентка на клиниката во деветтиот месец од бременоста и никому не му кажала, на задолжителниот епидемиолошки прашалник дека во семејството има дијагностициран позитивен случај на Ковид. Ја примиле на одделение со други родилки, во соба во која имало уште две жени. Докторката била примена без никакви симптоми, а на клиниката се расчуло, преку конекции на болничкиот персонал дека таа има позитивен случај во семејството. Веднаш кога дознале, лекарите ја симнале на долниот спрат, на одделението за изолација и тогаш лекарката не сакала да се тестира. На своја одговорност, потпишала дека ја напушта клиниката и отишла во Ремедика да се породи.

Се огласи сопругот на родилката која лажно се претставуваше, покажа и документи во нејзина одбрана

Само еден ден подоцна, од медицинското досие на родилката на ГАК, некој го украде епидемиолошкиот прашалник каде таа навела дека немала контакт со позитивен. Болничката управа се сомнева дека изјавата од медицинската документација е украдена и тоа морало да го стори некој што работи на ГАК, а со цел да се избришат доказите дека родилката дала лажна изјава. Пријавено беше и во полиција, но до ден денешен, ниту изјавата е пронајдена, ниту кој ја земал од медицинското досие на лекарката.

Некој ја украл изјавата на родилката што ги криеше контактите на ГАК!

Директорката на ГАК, Викторија Јовановска, го пријави случајот во МВР и објаснувајќи дека само тој лист е истрган од медицинската документација на лекарката, но од МВР и Обвинителството, уште нема разрешница на случајот кој веќе и се подзаборави во јавноста.

МВР истражува дали изјавата на родилката од ГАК ја украл медицински работник

Прашавме во МВР дали два месеци подоцна, истражните органи ја најдоа изјавата што родилката и лекарка ја дала при прием на ГАК и дали против неа има обвинителен акт.
„СВР Скопје презема мерки и активности по добиени насоки од Основното јавно обвинителство во Скопје. Воедно, наведениот предмет е во надлежност на ОЈО Скопје“, кусо одговорија оттаму без никакви конкретни информации за сознанијата.

Прочитајте и...  Сончево време со температура до 30 степени

Директорката на ГАК пред два месеци тврдеше дека и се вршат притисоци од различни страни, да не продолжува со случајот и тој да се заборави. На камерите што ги поседува болницата, се гледа пациентката како ја потпишува клучната изјава во која тврдела дека немала контакт со заразен, но сега таа изјава ја нема, а на ГАК потенцијално уште работи тој што ја украл.

Доколку пациент потпише изјава дека немал контакти со позитивни лица и дека нема коронавирус, а се утврди дека не ја кажувал вистината, тоа е кривично дело. И самата родилка откако отишла во Ремедика, излегла позитивна на Ковид 19, по што беше префрлена на Инфективната клиника а оттаму на домашно лекување.

Јовановска од ГАК: Пациентите ни се закануваат ако ги ставиме во изолација (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

На полноќ завршува јавниот повик за субвенции за инвертер клими, досега 4.060 пријави

Слободен печат

Албанците се неспособни!?

Ерол Шаќири

Обвинение против скопјанец кој пред малолетните деца ја тепал сопругата со боксови

Бараа едно, најдоа друго: Руски и американски научници открија супстанца што наместо за ковид-19, би била ефикасен лек за канцер

Слободен печат

Манчевски не е повеќе пратеник, си поднесе оставка

Слободен печат

Бектеши до Касами за двојазичноста: Гласавте за владината програма, а не сте ја прочитале

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Членови на ВМРО-ДПМНЕ, сведоци во „Титаник” не се сеќаваат дека донирале по 1.000 евра за партијата

Горан Наумовски

„Протекоа“ документи за газдата на Челзи: Абрамович донирал на израелска група која гради населби на палестинска територија

Слободен печат

Ни претстои викенд со поројни дождови, грмежи и засилен ветер

Слободен печат

Рот со порака до Британците: Драги пријатели во Лондон, престанете со игрите, времето истекува

Слободен печат

Сноуден го прекршил договорот за доверливост со НСА, американската Влада ќе му земе пет милиони долари

Слободен печат

Филипче: Нашата држава постигна значителен напредок во дијагностицирање на деменциите

Слободен печат