Тепачка / илустрација /

Сѐ повеќе луѓе пријавуваат семејно насилство во Велешко

Жртвите најчесто се жени, но има и мажи кои пријавуваат насилство. Според податоците, од вкупно 86 сторители во 2025 година, 71 биле мажи, а 15 жени.

Расте бројот на пријави за семејно насилство во Велешко, а според податоците на институциите, во 2025 година бројките се повисоки во однос на претходните две години, објави СДК.

Во СВР Велес лани биле регистрирани 93 случаи, во 2024 година 76, а во 2023 година бројот на пријави е 59. Во Центарот за социјални работи Велес во 2025 година се евидентирани 86 случаи, во 2024 година – 73, а во 2023 година, пак, 68 случаи. Податоците ги опфаќаат општините Велес, Чашка и Градско.

Од Организацијата на жени на Велес појаснуваат дека не значи нужно дека насилството се зголемува, туку дека расте бројот на пријави бидејќи жените се охрабруваат да побараат помош.

Жртвите најчесто се жени, но има и мажи кои пријавуваат насилство. Според податоците од Меѓуопштински центар за социјални работи (МЦСР) Велес, од вкупно 86 сторители во 2025 година, 71 биле мажи, а 15 жени. Евидентирани се 91 жртва – 72 жени и 19 мажи. Во шелтер-центарот во Велес минатата година престојувала една жена.

Нов шалтер отворен на граничниот премин „Блато“, со досегашните не се постигнувало

Полицијата информира дека во 2025 година на подрачјето на СВР Велес биле регистрирани 93 кривични дела поврзани со семејно насилство, меѓу кои и едно убиство – случајот со Росица Коцева, убиена од својот партнер. Најголем дел од пријавите се однесуваат на телесна повреда (42 случаи) и загрозување на сигурноста (37 случаи). Од вкупниот број пријави, 80 ги поднеле жени, осуммина мажи и пет деца.

Во Основното јавно обвинителство Велес во текот на 2025 година биле примени 80 кривични пријави за семејно насилство. Од нив, 34 биле отфрлени поради повлекување на пријавата од страна на оштетениот, а за девет случаи е во тек предистражна постапка.

До судот се поднесени 37 обвиненија. Осум завршиле со изречена казна затвор, во 21 случај е изречена условна осуда, а во два случаја мерка задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа. За останатите предмети постапките се во тек.

Минатата година Обвинителството поднело и две обвиненија за кривично дело демнење, а во еден случај има правосилна пресуда со ефективна затворска казна.

Во 2024 година биле поднесени 32 обвиненија, при што во 20 случаи судот изрекол условна осуда, а во три задолжително психијатриско лекување. Слична била состојбата и во 2023 година – од 24 судски одлуки, во 20 биле изречени условни казни, во три психијатриско лекување, а во еден случај парична казна.

Непостапувањето за Росица ќе влезе во предистрага на Обвинителството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот