Рузвелтова се обновува од Илинденска до Партизанска

Неодамна започна реконструкција на улицата Рузвелтова на потегот од булевар Илинден до булеварот Партизански одреди, односно се реконструира површина од 7350 метри кваратни. Рок за завршување на работите е два месеци, а како што велат од Град Скопје, со обновата ќе се овозможи зголемена безбедност и сигурност на сите учесници во сообраќајот.

Покрај нов коловоз, се работи на стабилизирање на основата на улицата со што се избегнува неквалитетна изведба која може да доведе до пропаѓање на истата, а пешачката зона ќе добие нов, модерен лик со соодветно хортикултурно уредување – информираат од Градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот