Русковска објасни зошто ќе се отфрлат пријавите на Милошоски за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење на Организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат зборуваше и за материјалите доставени од Антонио Милошоски со кои тврдеше дека има докази за вмешаност на премиерот Зоран Заев во аферата „Рекет“.

„Сѐ беше дадено на вештачење, диктафон и телефон…беше дадено во компјутерска форензика, во рамки на МВР. Тоа е екстрахирање на податоци, на кратко го викаме – вештачење, се работи за екстрахирање на податоци и потоа се анализираа тие екстрахирани податоци, при што, немаме сѐ уште официјална одлука и таа ќе биде објавена. Од она што успеав да го прочитам е дека се работи за повеќе разговори кои се…, на пример, еден прекинат, па потоа друг разговор е продолжението…така што ќе се донесе резолуција за отфрлање на тие пријави“, изјави Русковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот