Руски воен авион се урна на Крим, нема преживеани
Руски воен транспортен авион се урнал синоќа над окупираниот украински полуостров Крим, при што загинале сите 29 лица кои се наоѓале во леталото, јави „Киев индепендент“, повикувајќи се на Министерство за одбрана на Русија.
Препорачано
Станува збор за авион од типот Ан-26, со кој бил изгубен контакт околу 18 часот по московско време. Истражни тимови веќе работат на местото на несреќата.
Според официјалните податоци, меѓу загинатите има 23 патници и шест членови на екипажот.
Од руското Министерството за одбрана соопштиле дека на остатоците од авионот не се пронајдени траги од надворешен напад, поради што во оваа фаза од истрагата како главна причина за несреќата се наведува технички дефект.
Надлежните служби продолжуваат со истрагата за да се утврдат точните околности под кои дошло до падот на авионот. Засега нема дополнителни информации за евентуални други фактори што би можеле да придонесат за трагедијата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


