Руски пари незаконски течат низ Западен Балкан
Глобалната Иницијатива против Транснационалниот Организиран Криминал (ГИ-ТОК) објави нова студија поврзанa со влијанието на руската агресија против Украина врз нелегалните финансики текови на Западен Балкан
Слабото владеење на правото, организираниот криминал и големата „сива“ економија во земјите од Западен Балкан но и војната во Украина – им овозможиле на руските незаконски финансиски текови (НФФ), да се прошират низ регионот и да се извршат негативно влијание врз клучните процеси на донесување одлуки во регионот.
Препорачано
Ова меѓудругото се наодите од последниот извештај на Глобалната Иницијатива против Транснационалниот Организиран Криминал (ГИ-ТОК) поврзан со влијанието на руската агресија против Украина врз нелегалните финансиски текови на Западен Балкан насловена како “Кешот е крал”.

Истражувачката Вања Петрова во публикацијата информира дека стратегиската географска положба на Балканот, делува како порта меѓу Азија и Западна Европа, а заедно со екосистемот на заробени држави, институционалните слабости, организираниот криминал и неконтролираната сива економија, го прават регионот особено подложен на Нелегални финансиски Текови (НФТ).
„Овој факт активно беше искористен од големите играчи како Русија, Кина и ОАЕ за да влијаат врз донесувањето одлуки на клучните пазари и институции“, додава Петрова.
Кремљ постојано ја искористи својата интеграција во западниот финансиски систем за да ги искористи празнините во управувањето преку корозивниот ефект на незаконското финансирање. Оваа опасност доби нови и потенцијално поголеми димензии со почетокот на руската војна во Украина“, вели таа.
Заедничкиот извештај на GI-TOC и CSD проценува дека глобалните НФТ вредат околу 1-1,6 трилиони американски долари годишно, што претставува 3-5 отсто од светскиот бруто домашен производ, БДП.
Во публикацијата се наведува дека откако Русија ја нападна Украина во февруари минатата година, беа воведени многу санкции, вклучително и замрзнување од страна на земјите од Г7 на руските резерви во вредност од околу 315 милијарди американски долари кои се чуваат во Централната банка на Русија.
Заедничкиот извештај на GI-TOC и CSD ги испитува новите трендови поврзани со нелегалните финансиски текови и влијанието на војната во Украина. Со оглед на стратешката локација на регионот меѓу Истокот и Западот и неговата близина до конфликтот, студијата ја нагласува ранливоста на Југоисточна Европа од влијанието на случувањата врз Македонската но и регионална економија.
Русите избегнуваат санкции преку Западен Балкан „со нивната комбинација на државно и медиумско заробување, тлеење етнички поделби, бавно темпо на пристапување во ЕУ и наследството на руската когнитивна пристрасност“.
Според извештајот, од 2014 година, БиХ, Бугарија и Србија не ги следат санкциите на ЕУ против Русија, додека и Северна Македонија и Црна Гора обезбедија таканаречено државјанство за инвестирање на руските граѓани, и покрај критиките од ЕУ.
Албанија сè уште не ја применува програмата за „фискална амнестија“ која ќе му овозможи на секој албански или странски државјанин да депонира до 2 милиони евра непријавени пари во банкарскиот систем, но не ја отфрлила ниту идејата.
Шверцот на луѓе, оружје и готовина ги олесни нелегалните активности од почетокот на војната во Украина. Шверцуваните пари главно се сокриени во автомобили или скриени меѓу легитимни производи во транспортни камиони или контејнери за транспорт.


