РУСКИ ЕНДОКРИНОЛОГ ТВРДИ: Овошјето може да дебелее повеќе од месото

овошје
Овошје, фото: Архива

На сајтот econet.ru, ендокринологот од Универзитетската болница во Москва, Зухра Павлова, објавила тврдење кое ги руши сите досегашни верувања за здравата исхрана.

„Неодамна прочитав текст за шумското овошје и неговите бенефити. Глобализацијата ни овозможи да имаме на дофат разни овошја и зеленчуци. Се увезуваат од сите страни на светот и ги имаме секогаш кога ќе посакаме. Но, природата не можеме да ја излажеме – шумското овошје има бенефити, но само кога му е сезоната. Значи, ако јадете капини во декември – ништо од здравјето“, наведува Павлова.

Вештачки одгледуваните овошја и зеленчуци немаат ниту половина од хранливите својства што ги имаат кога се во сезона. Друга замка, како што пишува таа, е и верувањето дека овошјето е нискокалорично.

Луѓето мислат дека со лубениците, јаболката и другите овошја внесуваат само вода и витамини, но не земаат предвид дека таа вода со витамини е преполна и со калории.

„Имам пациенти кои качувале килограми додека јаделе само лубеница. Имајте на ум, овошјето е полно со фруктоза. Вишокот фруктоза, особено наутро, на гладно, доведува до замастување на црниот дроб. Фруктозата исто така придонесува за развој на гојазност. Тоа е еден маѓепсан круг“, наведува Павлова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот