Русите напаѓаат кај Харков, Украинците кај Бахмут

Артилерци од украинската 24 бригада „Крал Данило“ бијат руски позиции во Доњецк - Фотографија ЕПА, Олег Петрасјук

Украина објави итна и целосна евакуација на 12.000 жители од две гратчиња и 35 села околу Купјанск во североисточниот дел на земјата поради обновени и засилени руски артилериски напади во регионот на Харков. При гранатирањето вчера била убиена една жена, а девет лица биле ранети.

Министерството за одбрана во Москва објави дека „руските ударни сили при офанзивна операција ги подобриле своите позиции во насока кон Купјанск“, а Киев соопшти дека нападите биле одбиени. И во март поради засилено руско гранатирање Украина прогласи итна евакуација на жителите од околината на Купјанск, град со своевремено 26.000 жители и регионален сообраќаен, железнички и логистички јазол. Во првите денови од инвазијата руските сили го окупираа Купјанск, но Украинците го ослободија во контраофанзивата во септември.

– Главниот фокус на украинската армија е на југот, а Русите се фокусирани на истокот. Русите се уфрлаат во два главни региона, Купјанск и Лиман. Таму е кошмар – изјави украинската министерка за одбрана Хана Малијар.

Таа додаде дека на фронтот кај Бахмут украинските сили навлегле до предградијата.

– Напредуваме по двете крила во Бахмут. Ги зазедовме сите главни возвишенија. Русите таму се заглавени. За да се извлечат од Бахмут – изјави министерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот