„Русино е Чернобил на Македонија“: Граѓаните излегоа на протест за затворање на депонијата

Фото: МИА

Еко ективисти од граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух во Гостивар” придружувани од граѓани одржаа уште еден протест со кој побараа конечно решение за регионалната депонија „Русино” која се наоѓа во близина на Гостивар.

Со транспаренти на кои беше напишано „Русино Чернобил на Македонија”, „Дали Гостивар вреди само 3 милиони евра”, „Русино е смрт”, учесниците протестниот марш го почнаа пред седиштето на општина Гостивар, поминаа низ неколку улици низ центарот за на крај да го завршат пред зградата на основниот суд во Гостивар.

Од иницијативата „Стоп Русино” истакнаа дека гостиварци заслужуваат чист воздух и затоа бараат „Русино” да се затвори во најскоро време.

Тие ја соопштија одлуката дека од денеска повторно ќе ги пропуштаат возилата на ЈП Комуналец, но за другите општини блокадата и натаму важи.

Во знак на поддршка на демонстрантите излезе и гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, кој рече дека од 2018 година како локална самоуправа тие немаат надлежност над „Русино”, додавајќи дека се исполнети сите барања на еко активистите во Гостивар. .

Ова е трет протест на граѓаните кои почнаа летово по пожарите на депонијата. По двата претходни, активистите го блокираа локалниот пат што води кон депонијата и на барикадата стоеа 54 дена. Според најавите, во четврток ќе имаат средба со министерот за екологија, Насер Нуредини од кого ќе побараат да ги разгледа нивните барања и да пристапи посериозно кон ова прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот