РУСИЈА ЗАБРАНУВА ПУШЕЊЕ НА ТЕРАСИТЕ: Се казнува и скарата и палење на свеќи, а видете ја реакцијата на Путин

Фото: Профимедиа

Во Русија на 1 октомври на сила стапуваат измените на противпожарните прописи со кои, меѓу останатото, се забранува пушењето на терасите во станбените згради.

Овие нови мерки, пушачите во Русија ги дочекале изненадени, пренесува Би-Би-Си.

Спред новите правила, „оган на отворено“ е забранет на терасите на зградите, како и во станбените простории, собите за спиење и во хотелите.

Палење на кибрит и пушењето, исто така, се окарактеризирани како „оган на отворено“, а забрането е и скара, како и палење на свеќи.

Првично дошло до конфузија дали пушењето е вклучено во забраната, а еден официјален претставник на тутунската индустрија рекол дека новите правила се однесуваат само на „алкохоличари кои прават скара на терасата“.

Сепак, подоцна било официјално потврдено дека пушењето е вклучено во забраната, а за кршење на противпожарните правила е предвидена казна до 42 евра. Оставање на запалена цигара која би предизвикала пожар претставува, според новите правила, кривично дело.

Фото: Профимедиа

По овој повод се огласил и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков кој рекол дека руската влада ги одобрува сите одлуки чија цел е спасување на човечките животи, пренесува Тасс.

Песков напоменал и дека рускиот претседател Владимир Путин, кој го подржува здравиот начин на живот, не гледа со одобрување на пушачите.

„Претседателот никогаш не го одобрувал пушењето, затоа што го подржува здравиот начин на живот“, рекол Песков, додавајќи дека само неколку лица од блиското окружување на Путин пушат и дека тие можат да се „набројат на прстите на една рака“.

„Пушењето денеска не е популарно, што е охрабрувачки“, додал Песков.

Функционер од руското Министерство за вонредни ситуации порачал дека измените во прописот не се вперени кон пушачите.

Статистичките податоци покажуваат дека повеќе од 2.000 пожари во Русија минатата година избиле на терасите. Тоа е два пати повеќе во однос на податоците од 2016 година. Во 60 отсто од случаите, пожарот избил заради пушење на терасите, наведува руската агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот