Русија тврди дека нејзините војници зазеле два града во југоисточна Украина

Украина/ EPA/IGOR KOVALENKO

Официјална Москва соопшти дека руски трупи ја презеле контролата врз градовите Бердјанск и Енерходар во југоисточна Украина, пренесе ДПА.

Бердјанск се наоѓа на Азовското Море и неговото заземање веќе било пријавено од украинската страна. Енерходар се наоѓа северозападно од пристанишниот град Мариупол. Неговото заземање не е потврдено од Украинците.

Ова го соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков кој направи и преглед на воените напади од почетокот на инвазијата рано во четвртокот.

Оттогаш се уништени се 1.100 воени објекти, рече тој, а погодени се и 314 тенкови и други воени возила, како и 57 ракетни системи. Оваа информација не може независно да се потврди, напоменува ДПА.

Во источниот регион на Донбас, сепаратистите поддржани од Русија напреднале уште 19 километри. Оваа информација, исто така, не може да биде потврдена од независен извор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот