Русија регистрираше нов лек против ковид-19

Лекари / Србија / EPA-EFE

Министерството за здравство на Русија регистрираше нов лек против ковид-19, МИР-19, кој го изработи Медицинско-биолошката агенција, соопштија денеска од таа институција.

„На 22 декември 2021 година, руското Министерство за здравство го регистрираше лекот МИР-19 против инфекција со коронавирус“, се вели во соопштението на агенцијата, пренесува ТАС.

Предклиничките испитувања на фармацевтскиот производ покажале намалување на оптоварувањето со коронавирус за десет пати. Клиничките испитувања ја докажале безбедноста и ефикасноста на лекот, велат од агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот