Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Русија предупредува: САД да не преместуваат ракети оти можен е судир!

Руската амбасада во Вашингтон ги предупреди САД да не размислуваат за спроведување на плановите да разместат американски хиперсонични ракети во Европа, објави руската дипломатска мисија на својот Твитер налог.

Руската амбасада го потсетува секретарот за печат на Пентагон, Џон Кирби дека потенцијалното разместување на каква било американска хиперсонична ракета во Европа е дестабилизирачки чин, пренесува Тасс.

Причината за тоа е што нивното кратко време за лет на Русија би ѝ оставило малку време за донесување одлука и би ја зголемило веројатноста за ненамерен судир, објави руската амбасада во Вашингтон.

Погледнете го вчерашното тестирање на руската хиперсонична ракета Циркон.

ВИДЕО | Путин: Русија тестира хиперсоничен проектил единствен на светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот