Русија и Хрватска ќе играат во финалето на Дејвис Купот

Медведев ја оправда фаворитската улога против Штруф/ фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Тениската репрезентација на Русија е вториот финалист во Дејвис куп натпреварувањето откако денеска во второто полуфинале во Мадрид ја совлада Германија со 2:0.  

Триумфот на Русија и го донесоа Андреј Рубљов и Данил Медведев, така што резултатот во двојки нема да има значење за конечниот исход.


Противник на Русија во финалето ќе биде Хрватска која вчера со 2:1 ја совлада Србија.
Рубљов денеска го одигра најдобриот меч во овогодинешното издание на Дејвис купот и во два сета со 6:4,6:0 го победи Доминик Кепфер.

Во вториот меч, Данил Медведев ја оправда улогата на фаворит против Јан Ленард Штруф и за 65 минути игра славеше со 6:4,6:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот