Русија го преполови протокот на гас за Европа преку Украина

Од почетокот на годината Русија почна да испорачува гас за Турција и Европа преку Турски поток.

Руските транзитни испораки на гас во Европа преку Украина во првите четири месеци од годината се намалени за 47 проценти во споредба со минатата година и се на најниско ниво во речиси последните 30 години, објави украинскиот оператор за транспорт на гас ЛЛЦ.

Како главна причина за намалената испорака на гас се наведува гасоводот Турски тек, кој е еден од алтернативите на украинскиот гасовод.

Русија на почетокот од годината преку Турски тек почна да испорачува гас за Турција и Европа.

– Испорачаните количества на украински гас во првите четири месеци од годината се на најниско ниво откако Украина стекна независост од Советски Сојуз и изнесуваат 15,2 милијарди кубни метри, се наведува во соопштението од ЛЛЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот