Рудникот Саса ќе плати до 100.000 евра казна за истекувањето на јаловина во Каменичка Река

Министерството за животна средина и просторно планирање, во врска со истекувањето на јаловишен материјал од рудникот Саса во Каменичка Река, информира дека Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор.

Согласно извештајот од направениот увид на водостопанскиот инспектор на ДИЖС во правното лице Рудник Саса направен е теренски увид со фотографирање и увид во документација. Притоа се констатира следното: Во раните утрински часови во 5.45 па се до 7.15 часот се случило испирање на јаловишен песок од 3.000 m3 од хидројаловиште бр.4, поради контактна филтрација во десниот бок. Овој материјал разлеан со вода од реката Каменица довел до заполнување на зафат на мала хидроелектрана и речното корито на реката притоа загадувајќи ја со јаловишен материјал од хидројаловиште бр.4. кое било и се гради од песок на хидроциклони со насипување во влажна состојба.

Еколошка катастрофа: Се излеа јаловина во Каменичка Река (ВИДЕО)

Од страна на водостопански инспектор понуден е Записник за започнување на постапка за спогодување согласно член 212-ж за Прекршоци од трета категорија, став 1 (максимална Глоба во износ од 100.000 евра во противредност во македонски денари за правно лице) точка 7 од Законот за животната средина, а правниот субјект треба да постапи согласно предложените мерки за заштита наведени во Записникот за констатација и Решението во инспекциска постапка кое согласно закон ќе биде доставено во предвидениот рок.

Истекувањето на јаловиштето од рудникот Саса е запрено

Записникот за започнување постапка за спогодување е потпишан од управителот на правното лице, а понатамошната постапка продолжува пред Комисија за спогодување при Министерство за животна средина и просторно планирање која ќе донесе конечна одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот