Ручек во време на коронавирус, што вкусно да подготвите од само три намирници кои ви се при рака (РЕЦЕПТ)

profimedia

Пандемијата на коронавирусот не затвори во домовите, па сè поретко одиме во супермаркетите. За среќа, постојат вкусни рецепти кои с еподготвуваат брзо и лесно, од најосновни намирници кои ги имаме во фрижидерот.

Ви даваме предлог да подготвите тестенини со грашок и сланина.

Потребни ви се основните намирници кои веројатно веќе ги имате, половина килограм тестенини, 3 шаки замрзнат грашок и сланина исечкана на тенки ленти. По желба, и малку кашкавал.

Подготовка 

Сварете ги тестенините во лонец полн со солена вода. Околу две до три минути пред крајот на варењето, во истата вода додадете го грашокот. Потоа, се заедно исцедете, и сочувајте околу 2 дл течност.

Сланината пропржете ја на тава, на тој начин таа ќе додаде интересна нота на вкус. Ако случајно ви се наоѓа жалфија, на маснотијата од сланината во тавчето пропржете два три листови жалфија (но, не морате).

На истата маснотија додадете ги тестенините и грашокот и 2 дл течност во која претходно се вареа. Убаво измешајте. На крајот додадете ја и сланината.

Сервирајте во чинија и на врвот изрендајте по желба малку кашкавал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот