Роуз: Не третираат како лабораториски глувци

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Дефанзивецот на Њукасл, Дени Роуз вели дека властите вршат експеримент над фудбалерите откако екипите од Премиер лигата добија зелено светло да се вратат на тренинзите во мали групи.

Премиер лигата е суспендирана од средината на март поради пандемијата на коронавирусот, а иако се прават планови за доигрување на сезоната, сè уште ништо не е официјално.

Премиер лигата во понеделникот објави дека во првиот бран кога е дозволено играчите да започнат со групни тренинзи, се извршени 748 тестови и шест фудбалери и членови на екипите се позитивни на коронавирус.

Еден од фудбалерите кои се противи на продолжувањето на сезоната е англискиот репрезентативец Дени Роуз кој моментно настапува за Њукасл.
– Луѓето зборуваат дека треба да се вратиме на фудбалот, како да сме лабораториски глувци или заморчиња. Ќе експериментираат со нас и ќе видат дали тоа функционира или не. Тпчно можам да ги замислам луѓето како седат дома и зборуваат: Заработуваат толку многу пари и треба да се вратат на терен.

Потенцијално можам да го ризикувам своето здравје за да се забавуваат луѓето, но искрено не сакам да учествувам во такво нешто – изјави Роуз.

Уште еден фудбалер кој јавно изјави дека нема шанси да се врати на тренинзите и да ја доигра сезоната се додека не биде безбедно за сите е капитенот на Вотфорд, Трој Дини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот