Роналдо нема да патува со Манчестер јунајтед во Бангкок

Заврши љубовта меѓу Кристијано Роналдо и „црвените ѓаволи“/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Новинарот Фабрицио Романо пишува дека Кристијано Роналдо (37) нема да патува со Манчестер јунајтед во Бангкок на почетокот на нивната претсезонска турнеја.

Португалецот не се појави на тренинг оваа недела, а како причина за неговото отсуство ги наведе семејните проблеми кои сè уште се актуелни.

„Црвените ѓаволи“ ја прифатија оваа ситуација и му дадоа дополнително време на Роналдо за да ги реши личните проблеми.

Менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш работи напорно за да најде нов клуб за Роналдо, кој има желба да го напушти Јунајтед.

Еден од најдобрите играчи во светот е разочаран од преодниот рок и немањето амбиции во клубот. Јунајтед од есен ќе игра во Лига Европа, а Роналдо сака да игра во Лигата на шампионите.

Јунајтед инсистира да го задржи Роналдо и за следната сезона, но клубот е свесен дека тој е многу разочаран.

Роналдо по секоја цена сака да си оди од Јунајтед, сега му се нуди и на Атлетико Мадрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот